Луксузните винилни подни облоги (LVT) од Tarkett се идеални за употреба во комерцијални простори, како што се хотели, кафичи, ресторани, бутици, канцеларии, но и во домот. Покрај одличните перформанси, Tarkett LVT подовите имаат врвен дизајн и голем број дезени, инспирирани од природата и најновите дизајнерски трендови во светската индустрија на подови.

Кои се предности на LVT подовите?

Предности на Tarkett LVT подовите се:

  • Голем избор на дезени како камен, дрво, текстил, метал
  • Модуларност – достапен во формат на правоаголни/квадратни плочи, нудат комплетна слобода во дизајнот со бескрајни можности за комбинирање на различни форми и димензији во единствена целина
  • Акустичност, многу тивок под
  • Удобен и топол под
  • Многу издржлив, погоден за простори со висок интензитет на движење
  • Лесно чистење и одржување, дополнително отпорен на удари, абење и дамки
  • Монтажата е брза и едноставна, што е особено важно при реновирање на простори

Како се поставува LVT подот?
Tarkett LVT подовите можат да се постават на три начини:

  • Лепење – препорака за простори со висок интензитет на движење
  • Клик систем – поставување без лепење
  • Loose-lay инсталација – поставување без клик и без лепење

Loose lay“ системот за поставување е иновативен начин на поставување на LVT подовите, погоден за во продажни, деловни и угостителски објекти, бидејќи монтажата и демонтажата се можни „преку ноќ“, односно за само неколку часа. Благодарение на тоа, реновирањето на изнајмени простори е брзо и едноставно. Подот можете брзо да го демонтирате кога сакате, а постоечката подлога нема да се оштети од лепило. По поставувањето, LVT подот може веднаш да се користи.

Напомена: За правилно поставување на подот, потребно е истото да се изведе од професионален тим.