Го барате најдобриот под за спалната соба? Во овој водич за подот во спалната соба, ќе ги покриеме најдобрите опции (како и неколку производи што треба да се избегнуваат).

#1: Теписон
Теписонот не е најдобриот под за спални соби, но тој е дефинитивно најмекиот!

Теписонот е фантастичен избор бидејќи може да го понуди она што ниту еден под не може: удобност и топлина, поради што моравме да го ставиме на #1 на нашата листа.

Но имајте на ум дека стилот на теписон е важен. Постојат два главни фактори кои влијаат на тоа како функционира теписонот: Висината на влакното и предивото од теписонот.

Во принцип, подебелиот теписон ќе биде попријатен но не и поиздржлив. Сепак спалните соби немаат голем интензитет на движење, па и да изберете подебел теписон не треба да се грижите дека ќе го искинете со текот на времето.

Влакна од предивото: Волна наспроти Синтетички

Волнениот тепих е убедливо најпопуларниот теписон од природни влакна, но неговите перформанси не се совпаѓаат со теписите од синтетички влакна изработени од материјали како полиамин и полипропилен. Во современото време зголемен е бројот на алергени што се наоѓаат во волната па за да се избегнат истите се употребуваат теписони од синтетички материјали. Тие се неверојатно издржливи, отпорни на дамки и имаат многу подобра отпорност на влага.

#2: Трослоен паркет

Паркетот Tarkett е 100% дрвен под со повеќеслојна конструкција. Повеќеслојниот паркет се состои од 3 слоја дрво споени под агол од 90 степени. Горниот слој на паркетот е изработен од тврдо дрво (даб, јасен, бука…), а средниот и долниот слој исто така се 100% од дрво. За изработка на средниот слој се користи дрво од ела, бор или смрека, додека за долниот, заден фурнир се користат истите видови дрво.

За разлика од теписонот, кој може да содржи прашина и алергени, паркетот лесно се чисти и одржува, што придонесува за подобар квалитет на воздухот во затворените простории. Редовното бришење е сè што е потребно за да се одржуваат дрвените подови да изгледаат најдобро.

Дополнително, дрвените подови можат да ја подобрат вредноста на вашиот дом, што го прави атрактивна опција за идна препродажба.

#3: Винил
LVT
– Луксузните винилни подови се врвен тип на водонепропустлив PVC под кој може да го имитира изгледот на кој било дрвен дезен. Иако се целосно синтетички, винилните даски изгледаат и се чувствуваат исто како автентично тврдо дрво.

Винилот може да има и изглед на плочки, достапен во разни дезени.

 

 

 

#4: Ламинат
Ламинатот
е материјал кој претежно се прави од дрво – Tarkett ламинатот се состои од 80% дрво во средниот слој, додека површината на ламинатот има декоративен слој од печатена хартија, што во голема мера го одредува неговиот квалитет и изглед.

Ламинатот се состои од четири слоја:

  •  Горниот површински слој му обезбедува на ламинатот издржливост, отпорност на абење и дамки
  •  Декоративен слој направен од печатена хартија му дава финален изглед и нуди неограничени можности за креирање шари
  •  Благодарение на третиот, носечки слој, кој се состои од дрвени влакна со висока густина, ламинатот ја постигнува својата цврстина.
  •  Последен е балансирачкиот слој, чија улога е да го заштити подот од навлегување на влага

Ламинатниот под е исто така лесен за чистење и одржување, бара само редовно метење и повремено влажно бришење за да изгледа најдобро. Дополнително, тој е достапен во широк спектар на стилови и бои, обезбедувајќи многу опции за да одговараат на секој декор во спалната соба.