Кога го уредувате домот водите евиденција за секоја ситница која придонесува за негова автентичност и удобност. Како што ви е битно каква боја ќе бидат ѕидовите и мебелот, уште поважно е и каков вид на под ќе примените во просториите.

ТРОСЛОЕН ПАРКЕТ (инженеринг паркет) – ТАРКЕТ

Трослојниот паркет е доста популарен и неговата примена е се пошироко распространета . Тој е производ од  природно дрво кое дава топлина и удобност во домот и лесен е за одржување.

Трослојниот паркет (инженеринг паркет), познат кај народот како таркет, е составен од три слоеви на дрво кои меѓу себе се споени со лепак сочинувајќи една паркетна ламела, изработена во поголеми димензии. Трослојниот паркет најчесто се продава фабрички обработен , заштитен со соодветни лакови и оплеменет со нејсовремена површинска обработка.  Неговата монтажа е едноставна и брза. За монтажа се користи клик системот кој овозможува и брзо демонтирање, но истиот може и да се монтира со лепење, Со лепењето се добива цврста дрвена подна облога, која во наредедниот период на повеќе годишно користење може да се преструга и прелакира, а со тоа ќе се освежи неговиот изглед , и повторно ќе стане нов. Неговата конструкција му дава и поголема отпорност од температурни промени , карактеристика која го прави применлив кај вградено подно греење , кое се повеќе е применето во градежништвото.

ПАРКЕТ

Класичниот или масивниот паркет на просториите им дава посебен идентитет, чувство на топлина и удобност. Тој  е од природно дрво, доста е квалитетен и доколку адекватно се одржува може да трае и со генерации. Најчесто се користи во дневните простории, спалните соби и работните соби.

Монтажата на паркетот не е едноставна и е спора за разлика од останатите подови. Потребни се најмалку 21 ден додека се стигне до крајниот резултат. Кога ќе се испорача во собата во која треба да се монтира треба да одстои 24 часа на собна температура, потоа се реди и лепи и повторно се остава да одстои најмалку 2 недели. Следни чекори се стругање, китирање и лакирање на паркетот. Од кога ќе се исуши лакот, паркетот е спремен за употреба.

Единствена маана е што паркетот е осетлив на влага  и температурни промени кои предизвикуваат деформации кои пак резултираат отворени фуги и нерамност  и од сето тоа ризично е да се постави врз вградено подно греење.

ЛАМИНАТ

Ламинатот на прв поглед е сличен со трослојниот паркет, но по составот е многу поразличен. Лесен е за монтирање, демонтирање и одржување. Поради отпорноста од гребење ламинатот е совршен избор на под за најпрометните простории во домот.

Составен е од повеќе слоеви:

  1. Горен, површински слој кој обезбедува трајност и отпорност од дамки, удар и гребнатини. Составен е од специјална синтетичка и со смола обработена целулоза да му даде на подот цврста и издржлива површина.
  2. Принтан декоративен слој, кој дава конечен изглед и пружа неограничени можности при креирање на дезен.
  3. Третиот слој е носечки и се составен од густ медијапан со кој ламинатот ја добива потребната цврстина и густинаПоследниот слој ги штити останатите слоеви од влага.
  4. Ламинатот е доста употребуван во домовите од причина што има доста позитивни страни како што се економичноста, лесното одржување и монтирање, пониската цена за разлика од трослојниот и масивниот паркет, големиот избор на дезени како што се налик на дрво, камен, бетон.