Доколку барате префинет и елегантен под, STEP L & XL е вистинскиот избор за вас! Изберете го совршениот дизајн кој ќе го надополни вашиот ентериер. Достапни ви се неколку различни нијанси: одлучете се за незаменливата убавина на природното дрво, бојадисаното дрво или дрвен под со шема создадена со иновативна технологија за дигитално печатење.

Станува збор за повеќеслоен паркет со 1 ламела кој е фабрички обработен со уникатен Proteco лак, со тоа заштедува пари и време кои ги вложувате во чистење. Едноставниот систем T-Lock овозможува лесна инсталација и создава уникатно мазна површина, што го олеснува одржувањето на подот. STEP L & XL доаѓа со 30-годишна гаранција и ви обезбедува стабилност и безбеден под, па не треба да се грижите за непријатности како пукнатини или расцепување на подот.