Хомогена или хетерогена винилна подна облога е под за комерцијална употреба што ги зема предвид барањата за безбедност, удобност и контрола на инфекции. Знаеме дека здравствените установи бараат посебен вид подови. Затоа имајќи ги предвид потребите на пациентите и персоналот, како и високата френквенција на движење, безбедност, удобност и заштитата од инфекции нудиме издржливи решенија кои се дизајнирани да го промовираат здравјето и ефикасноста на персоналот.

Со вас споделуваме дел од големата колекција, која може да ја погледнете во нашиот продажен салон:

PRIMO PLUS SEE е хомогена винилна подна облога која со широкиот опсег на бои и одличните технички карактеристики овозможува да се користи и во станбени простории и во простории за јавни цели. Доколку се следат препораките поврзани со одржувањето, PRIMO PLUS ќе трае многу години, притоа зачувувајќи го својот одличен надворешен изглед и важност.

ZENITH SEE претставува висококвалитетна хомогена винилна подна облога која идеално ги комбинира најновите иновации во областа на дизајнот и традиционално високиот квалитет на производите од категоријата iQ. Бисерните, проѕирни „чипови“ на винилната подна покривка и даваат посебна длабочина, а спектарот на бои на посакуван начин ја нагласува благородната структура на подната покривка.

SPARK e висококвалитетна хетерогена винилна подна облога, погодна за комерцијален простор и со висока фреквенција на движење. Покрај широкиот опсег на бои заштитата на подот е дополнително засилена со Extreme Protection слој, истата го прави долготраен и спречува да влезе прашина во подлабоките слоеви на материјалот.

Хетерогениот винилен под STELLA е економично достапно решение за комерцијални простори. Колекцијата се одликува со широка колор палета со популарни апстракни дезени со вкупна дебелина од 2мм, со транспарентен слој од 0,7мм. Како и сите колекции на Tarkett подот е додатно заштитен лак Extreme protection.

Винилната подна покривка се состои од пет слоја:

  • Долниот компактен слој – обезбедува дополнителна јачина на производот;
  • Пенест слој што обезбедува звук и термичка изолација;
  • Компактен слој што спречува промени во димензиите и изгледот на подот;
  • Горниот слој на пена ја дава потребната еластичност и заштита на винилскиот под;
  • Транспарентниот слој обезбедува дополнителна заштита на абење и ја зголемува отпорноста на подот до 7 пати;

Одржување и придобивки:

Одржувањето на винилот е едноставно, брзо и лесно. За да постигнете долг период на употреба, потребно е за редовно чистење и соодветно одржување. Едноставно пребришување е доволно за секојдневно одржување.